Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секој момент може да падне една од старите куќи на т.н. Чоробенско ќоше, која се наоѓаат спроти зградата на Комитет во центарот на Куманово.
Објектот е руиниран, накривен, а од врнежите на дожд секојдневно паѓа малтер и парчиња од кровот. Од Секторот на урбанизам при општина Куманово велат дека дел од куќите се во приватна сопственост и на Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор, на кои им доставиле решение да ги отстранат објектите. Доколку во рок од неколку дена не го сторат тоа, тие ќе издадат налог до инспекторатот за уривање.
„Во градот постојат повеќе склонопадни објекти за кои сопствениците не се грижат и тие претставуваат опасност за граѓаните. По пријава на инспекциските служби поставена е лента дека движењето и задржувањето во близина куќата не е безбедно. Доколку не се одговори по нашето предупредување до понеделник, ние ќе интервенираме на терен, - велат од Секторот за урбанизам.
Граѓаните бараат локалните институции поодлучно да интервенираат и да ги санкционираат сопствениците на старите куќи, кои претставуваат грдотија во градот, а опасност за граѓаните .
Минатата година, стара куќа на улицата Ленинова падна врз автобус, но за среќа немаше повредени патници туку само матерјална штета.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk