Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од локалната самоуправа денеска го најавија проектот “Инклузивна летна школа“ во кој освен лица со посебни потреби ќе се вклучат и Роми.
Во основно училиште “Толи Зордумис“ денеска имаше прослава насловена како “Игри без граници“ со која се одбележува завршетокот на шестмесечниот проект “Инклузија преку спорт и рекреација“ за лица со посебни потреби и почеток на втората фаза “Инклузивна летна школа“.
Вториот дел на проектот кој се однесува на инклузивна летна школа освен учесниците кои се веќе во овој проект за спорт и рекреација кој што продолжува, ќе бидат опфатени уште една група на учесници, а тоа се активни баратели на работа од ромската популација. Од тука ќе се прошири самата активност, а ќе ги опфатат сите оние вештини и уметнички способности каде што ќе можат учесниците да ги искажат своите вештини во областа на глумата, занаетчиството, музиката - изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.
Проектот за општинско корисна работа ќе се реализира со средстава од УНДП.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk