Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До попладне се очекува да биде пуштена водата во цевководот бај-пас, со што ќе се зголеми испораката на вода за градот.
Ова било договорено на денешниот состанок кај министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков, со директорите на Водостопанство Кумановско-липковско поле Филип Филиповски и на ЈП „Водовод„ Горан Стојковски.
На состанокот се договорија во текот на денешниот ден да се најде техничко решение и да се направат заеднички напори да се пуштат дополнителни количини вода, со што би се решил моменталниот проблем со водоснабдување со вода за пиење на општина Куманово. Исто така во рок од пет дена двете страни да потпишат заемно прифатлив договор за долгорочно снабдување со вода, кој е законски услов за испорака на вода. Водостопанство Кумановско- липковско поле превзема обврска во рамките на своите можности веднаш да почне со дистрибуција на вода преку алтернативни цевководи, а ЈП „Водовод„ треба редовно да ги плаќа фактурите, согласно заеднички договорена цена и сервисирање на старите долгови кон Водостопанство Кумановско- липковско поле,- се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На состанокот покрај двајцата директори присуствувал и пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, при што било разговарано за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk