Ќе продолжат работилниците за деца со послаб успех

11.08.2012 08:12 | KumanovoNews

 Од следниот месец невладината организација “Врама Си“ продолжува со едукативните работилници наменети за децата со послаб успех. Како и досега ќе бидат опфатени   децата од предучилишна возраст и децата од шесто до осмо одделение.

Ќе продолжат работилниците за деца со послаб успех

Целта е да им помогнеме на децата да го совладаат она што не успеале да го научат на часови. Пред секој верски и државен празник имаме работилница. Ја развиваме моториката, ја поттикнуваме кретивноста на децата. Имаме едукатори со долгогодишно искуство. Работилници посетуваат деца од ромска националност, но ги има и од други етнички заедници. Учат за хигиена како да одржуваат, учат македонски јазик. Во месецот има барем две работилници - вели Анета Додевска, администратор во “Врама Си“.

Со помош на УСАИД и Фондација Песталоци овие проекти се спроведуваат повеќе години во Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk