Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од септември до ноември годинава, Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи со проектот “Отворени социјални денови“.
Вработени од центрите за социјални работи ќе ги посетат селата, ќе разговорат на потребите на граѓаните и ќе ги информираат за правата од социјална заштита.
“Планирано е да се опфатат нови рурални средини и повторно да се посетат оние каде што има потреба. Во однос на претходно посетените рурални средини, ќе се предвиди повторна посета со цел да се провери состојбата на евидентираните лица/семејства во социјален ризик, но и ќе се обезбедат соодветни донации во облека, храна и хигиенски производи. Во однос на претходно евидентираните случаи на потреба од социјална заштита, центрите за социјална работа спроведуваат континуиран систем на следење на постапките за остварување на правата и услугите од социјална заштита“ - изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Истиот проект се спроведуваше и лани при што се посетени над 1000 населени места.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk