Ќе протестираат ли кумановци против поскапувањата ?

15.08.2012 11:47 | KumanovoNews

 Од “Аман“ кои се иницијатори за протестите велат дека се зависи од интересот на граѓаните.

Ќе протестираат ли кумановци против поскапувањата ?

Сеуште е неизвесно дали во наредните денови во Куманово ќе има протести по повод бранот поскапувања. Од “Аман“ кои не фигурираат како здружение , но се иницијатори за протестите велат дека се зависи од интересот на граѓаните.

Имаше протести во Битола и Скопје. Добивме јавувања од граѓани од Тетово, Гостивар, Прилеп кои сакаат да се организираат и да го искажат револтот. Ние сме индивидуалци и бараме индивидуалци кои ќе се побунат. Финансиска помош немаме, но можеме да им помогнеме со плакати. На фејсбук на групата на “Аман“ заинтересираните кумановци можат да пишат, објава или да ни остават број за да ги исконтактираме. Истото може да се направи со помош на Здружение за заштита на човековите права, ако постои такво во градот - вели Александар Гочев, иницијатор на протестите.

Граѓаните се очајни бидејќи ги чека скапа есен. Струјата поскапе за 10 отсто, цените на нафтените деривати постојано се корегираат, поскапуваат дравата за огрев и лебот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk