Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со сретства од УНДП ќе се асфалтира пат во селото Табановце.
Парите се обезбедени преку проект за помош на населените места кои се зафатени со бегалската криза.
Патот е во должина од 1.3 километри, а ќе бидат потрошени 90.000 евра. Проектот отпочнува во наредните денови, а ќе бидат доделени и средства за решавање на инфраструктурни проблеми во Сопот. Парите се од Обединетите нации, УНДП и мислам дека ќе бидат целосно искористени – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Жителите на Табановце пред неколку месеци го блокираа патот што води кон бегалскиот камп на железничката станица Табановце, барајќи да се им се реши овој инфраструктирен проблем. По одржаните состаноци со надлежните меѓународни претставници и општината најдено е решение за проблемот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk