Ќе се бира најдобра училишна веб страна

25.03.2015 11:30 | KumanovoNews

 Сите основни и средни училишта од државата до 31 мај годинава, можат да се пријават на конкурсот за избор на најдобра веб страна, кој го објави Министерството за образование и наука.

Ќе се бира најдобра училишна веб страна

Страната мора да има содржини на македонски јазик, а дополнително може да има навигација и повеќејазичност. Стручна комисија ќе ги разгледува и рангира пријавите, по што јавно ќе биде објавена листа на сите учесници на натпреварот. Најдобро рангираните ќе бидат повикани на јавен настан, на кој ќе ги презентираат своите веб страни, по што ќе биде прогласена најдобрата училишна веб страна (посебно за основни и посебно за средни училишта) за учебната 2014/2015 година.

Министерството за образование и наука на прворангираните училишта, ќе им додели пофалница како и по една интерактивна табла која ќе биде обезбедена со годишната набавка на интерактивни табли за учебната 2015/2016.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk