Ќе се чисти реката Кумановка

24.05.2012 10:04 | KumanovoNews

 Делот од Река Кумановка кај Градскиот кеј е полн со смет. Граѓаните се јавувале во инспекциските служби и барале овој дел да се исчисти.

Ќе се чисти реката Кумановка

Свеста е на многу ниско ниво. Секој фрла каде ќе стигне. Многу луѓе апарати од домаќинство кои не им се потребни ги фрлаат во водата. Тоа е катастрофа. Треба да се чисти редовно. Паметам во времето на бивша Југославија толку беше чиста водата се гледаа рипки, па немаше машини за перење и ќебиња перевме во Кумановка. Сега нема ни тронка од тоа. Треба да се води сметка. Водата е извор на живот - велат граѓаните.

Вера Лазаревска, раководител на секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово објаснува дека во тек е тендер за избор на фирма, која ќе ги расчистува дивите депонии, а тука ќе биде опфатен и делот кај кејот.

За два дена ќе има електронска аукција и ќе се избере фирма. Секоја година се чисти во неколку наврати и акцијата е финансирана од касата на Општината. Ние имавме пријави од станари кои живеат покрај Градскиот кеј. ЈП“Чистота и зеленило“ не може секаде да постигне  - вели Лазаревска.

Ваквите акции не подразбираат буквално чистење на речните корита, бидејќи реките се под надлежност на државните, а не на локалните органи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk