Ќе се дезинфицираат селските водоводи

13.02.2015 08:46 | KumanovoNews

Водата од повеќето селски водоводи е бактериолошки неисправна и треба да се дезинфицира, препорачуваат од Центарот за јавно здравје Куманово врз основа на резултати добиени од направени анализи.

Ќе се дезинфицираат селските водоводи

Неисправна за пиење е водата од водоводот во село Челопек, чешмата во училишниот двор во село Студена Бара, чешмата во школскиот ходник во село Пчиња, како и водата од бунари од селата Пчиња, Макреш и Јачинце која треба да се третира со таблети.

Водата во Старо Нагоричане, јавните чешми во Челопек, Клечовце, Довезенце, Младо Нагоричане и водовод во Студена Бара може да се користи само со превривање.

Во селата Довезенце, Јачинце, Шупли Камен испратени се хлорни таблети за дезинфекција на индивидуалните бунари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk