Ќе се доставуваат решенија за радиодифузна такса

18.02.2016 10:11 | KumanovoNews

Од Управата за јавни приходи ги информираат обврзниците на радиодифузна такса, дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со МРТ, доставата на декемвриските и јануарските решенија за радиодифузна такса ќе се врши месецов.

Ќе се доставуваат решенија за радиодифузна такса

Плаќањето на радиодифузната такса за овие две решенија за декември и јануари, граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата.

Користете ја услугата е- РДТ https://etax.ujp.gov.mk за да вршите преглед и плаќање на радиодифузната такса. Плаќањето на РДТ преку интернет се врши со безготовинска картичка издадена од домашна банка како Visa, Maestro и MasterCard.

Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk