Ќе се формира кластер во чевларството

06.05.2011 14:16 | KumanovoNews

 Секторот за локален економски развој, денеска во Куманово организираше трибина со преставниците на бизнис заедницата пред кои ги презентираше концептот на организирање и функционирање на кластерите.

Ќе се формира кластер во чевларството

Овие конгломерати од фирми со исто, сродно или комплементарно производство овозможуваат зголемена продуктивност и конкурентност како и подобар пристап до институции и информации.

"Кластерите ја стимулираат иновативноста го акумулираат знаењето,овозможуваат поголема соработка размена на идеи, што пак придонесува колективна ефикасност. Овој начин на здружување на фирмите значително ја менува улогата на малите и средни претпријатија во нивниот настап на домашниот и на странскиот пазар"- вели Марина Арсовска од општина Куманово.

Во градот постои иницијатива за формирање на кластер од областа на чевларската индустрија со оглед на фактот дека функционираат околу 70-тина мали и средни фирми кои вработуваат околу 2000 лица. Здружувањето на претпријатијата од оваа област ќе повлече и здружување на сродни претпријатија кои произведуваат кожа и други репроматеријали,но и на дистрибутерите и трговските објекти каде се пласираат финалните продукти. Од секторот за локален еконосмки развој најавуваат организирање на трибини и во иднина на оваа тема.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk