Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За еден месец предвидено е да се гасифицира основното училиште “Коцо Рацин“.
Досега училиштето се загреваше со нафта, а грејната сезона ќе ја продолжи со греење на гас.
“Се работи на котларата, и можам да кажам дека 80 отсто од работата е завршена. Имаме малку застој околу катастарска документација, но и тоа ќе се среди. Грејната сезона ќе ја продолжиме со греење на гас“ - вели Драгиша Цветковиќ, директор на “Коцо Рацин“.
Ова училиште заедно со подрачните училишта има 1340 ученици, а само во централното училиште се образуваат околу 1200 ученици.
Досега повеќето училишта во Куманово се приклучени на гасоводната мрежа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk