Ќе се гради црква во населбата „Перо Чичо“

03.05.2018 11:59 | KumanovoNews

Во населбата „Перо Чичо“ ќе се гради црква. МПЦ црквата ќе ја гради на земјиште во близина на поштата и ќе биде посветена на празникот Благовештение- Благовец.

Ќе се гради црква во населбата „Перо Чичо“

Неофицијално, се планира и изградба на објект во која ќе се смести Кумановско-осоговската епархија.

На минатата седница Советот на Општина Куманово донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за градење на верски објект на МПЦ – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско-осоговска епархија.

Од Општина Куманово- одделение за урбанизам потврдија дека од МПЦ започнале постапка за изградба на црква на локација во близина на поштата, и дека имаат рок од 2 години да почнат со градба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk