Ќе се гради канализациja во „Мајорово трло“

19.02.2021 08:02 | KumanovoNews

Наскоро ќе започне изградба на фекална канализација во месноста „Мајорово трло“ во населбата Карпош.  Мрежата е во должина од 300 метри, а ќе чини 485.000 денари.

Ќе се гради канализациja во „Мајорово трло“

„Станува збор за спроведување на активности на ул.100 во населбата Карпош и вкупна должина од 324 метри, односно мал дел за кој имаме средства. Дел од овој проект ќе биде со цревна мрежа, а дел со цевки. Во иднина е планирано да се направи целата должина,“ рече Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.

За овој вид на работење, понудувачот е потребно да достави и лиценца од категорија „Б“ за извршување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски.

Канализационата мрежа ќе ја гради фирмата КОП Инженеринг од Скопје.

(Д.Д.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk