Ќе се испитува квалитетот на водата во поплавените села

03.02.2015 15:29 | KumanovoNews

Екипи од Центарот за јавно здравје од утре ќе одат на терен, за да го испитуваат  квалитетот на водата за пиење во поплавените села.

Ќе се испитува квалитетот на водата во поплавените села

Граѓаните ако забележат дека водата е заматена, воопшто не треба да ја пијат, а ако е бистра треба да се преврие пред употреба.

“На лице местсто ќе се земат примероци и ќе се испитува квалитетот на водата„ - рече Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје.

Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје апелира граѓаните од поплавените подрачја да обрнат внимание на личната и општата хигиена, за заштита од акутни цревни заболувања.

„Ја следиме состојбата и повеќе внимание посветуваме на овие подрачја. Ќе се направи епидемиолошки увид, ќе се информираат матичните лекари за следење на појава на овие заболувања, ќе се оди во насока на превенција и мерки за информирање на населението. После санирање на состојбите ќе се направи превентивна дезифекција на овие места „- вели Стаменковска.

И претходно анализите покажале дека водата за пиење од повеќе водоводи во Старо Нагоричане не е за пиење и им се дадени препораки на мештаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk