Ќе се изработува проект за фекална канализација

27.03.2018 10:32 | KumanovoNews

 Општина Куманово ќе изработи основен проект за фекална канализација во неколку населени места и улици во градот.

Ќе се изработува проект за фекална канализација

Проектот предвидува изградба на канализациона мрежа во дел од селата Лопате, Речица и Добрашане, како и десетина улици во општина Куманово.

Проектната документација ќе се користи за аплицирање и  обезбедување на средства во министерства, странски амбасади, невладини организации или од сопствениот буџет.

За таа цел Општина Куманово објави јавен повик за прибирање на понуди за изработка на основен проект на добивање на е-дозвола за изработка на техничка документација за фекална канализација.

Вредноста на проектот е 880.000,00 денари без ДДВ.

Проектот опфаќа архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги, услуги за технички испитувања и анализа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk