Ќе се лустрираат новинари од приватните медиуми

11.11.2011 14:10 | KumanovoNews

 Новинарите од приватните печатени и електронски медиуми од 1 декември до 1 февруари ќе треба да достават изјави до Комисијата за верификација на фактите  дека не соработувале со тајните служби.

Ќе се лустрираат новинари од приватните медиуми

Како што пренесува „Макфакс“, освен новинарите, во овој период изјави треба да поднесат и невладините организации и верските заедници, вели претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.

Вработените во Македонската радио телевизија веќе поднесоа изјави до Комисијата за лустрација. Нивните изјави сега се доставени на проверка во државните органи.

На вчерашната седница Комисијата за верификација на фактите донесе решение за четворица функционери дека соработувале со тајните служби.

Овие четворица се меѓу седуммината функционери чии изјави не беа верификувани на минатата седница на Комисијата за лустрација. Меѓу нив имаше и поранешен амбасадор и новинар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk