Ќе се менува водоводната цевка на „Никола Тесла“

04.04.2018 09:52 | KumanovoNews

Во тек е изработка на проект за замена на водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“.

Ќе се менува водоводната цевка на „Никола Тесла“

Ова го кажа директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски, откако советникот Благојче Јаќимовиќ, праша кога ќе се смени старата азбестна цевка, која е поставена 1962 година.

„Оваа цевка пукаше 12 пати последниот месец или 100 пати за последната година, бидејќи е стара и профилот не одговара на потребите на потрошувачите.  Од оваа цевка со вода се снабдуваат 2000 домаќинства или 8000 жители, - појасни Јаќимовиќ.

Директорот Стојковски рече дека проектот за замена на водоводната мрежа во должина од 1,2 километри, со комплет приклучоци ќе биде завршен до крајот на месецот, по што ќе биде распишан тендер за избор на изведувач на работите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk