Ќе се наплаќа паркинг и на локалитетот „Берза“

10.06.2019 07:36 | KumanovoNews

Нови седумдесетина паркинг места во зоната А ќе добијат граѓаните во центарот на градот, на локалитетот Берза, зад Хотел Куманово.

Ќе се наплаќа паркинг и на локалитетот „Берза“

ЈП Куманово-паркинг, го расчисти паркингот од хаварисаните возила и ги обележа местата, по што ќе започне со наплата на паркирањето.

„Како што беше најавено го прошируваме паркин просторот во градот. Со обележување на новите места ќе добиемо 71 место за паркирање на автомобили и 2 за инвалидска количка. Овој паркин простор ќе биде во зоната К3 и ќе важат истите услови и досегашните правила за паркирање, - вели директорот на ЈП  Куманово- паркинг Фадиљ Шабани.

Наплатата на паркингот ќе започне во наредните 2-3 дена откако ќе се бидат завршени сите технички подотовки. 

Наредната обврска на претпријатието е да ја стави во функција зоната Б на паркирање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk