Ќе се обновува урбaната опрема во Куманово

20.03.2018 22:43 | KumanovoNews

 Општина Куманово ќе ги обновува оштетените клупи и друга урбана опрема во градот.

Ќе се обновува урбaната опрема во Куманово

За таа цел распиша јавен оглас за набавка, транспорт и монтажа на урбана опрема за што ќе одвои 2,2 илјади денари.

Вандалското однесување на поединци, кое е честа појава во градот, ги револтира граѓаните, кои бараат насилниците да се казнат. Уништувањето на сообраќајни знаци, клупи, мобилни тоалети и друга урбана опрема, го осуди и градоначалникот Максим Димитриевски.

- Апелирам одговорно да се однесуваме кон општественото добро. Заедно можеме да го направиме наше Куманово во поубаво место за живеење, – изјави градоначалникот Димитриевски по неодамнешното уништување на дел од урбаната опрема.

Тој ги повика граѓаните доколку заблежат вандалско однесување на поединци да ги фотографираат ваквите случаи и да ги пријавуваат во надлежните институции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk