Ќе се одбележи Денот на пожарникарите

27.05.2013 09:59 | KumanovoNews

 Денот на пожарникарите, 20 мај, со неколку дена задоцнување, утре ќе се прослави во кругот на противпожарната единица во Куманово.

Ќе се одбележи Денот на пожарникарите

Ќе направиме една средба, дружење со пожарникарите, ќе им го честитаме празникот. Гости од Скопје нема да има бидејќи прослави ќе има истовремено во повеќе градови во државата. Ние преку цела година правиме обуки по школи и институции и ќе кажеме нешто за тие наши активности - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Противпожарен сојуз Куманово.

Прославата ќе почне во 12 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk