Ќе се одржат седмите “Бајловски средби“

01.10.2015 13:21 | KumanovoNews

Во селото Бајловце во недела ќе се одржи 7-та по ред традиционална манифестација “Бајловски средби“, во организација на здружението “Козјачија во срцето“. 

Ќе се одржат седмите “Бајловски средби“

Дел од манифестацијата ќе биде козјачко-бајловска свадба, а македонски духовни посланија ќе чита актерот Страшко Милошевски. 

Како и секоја година ќе има избор на најдобра баница,  селски игри и заеднички ручек. Ќе настапат КУД“Српски вез“ од Старо Нагоричане, “Фолклористи“ од Крива Паланка и “Ѓоко Симоновски“ од Куманово“-рече Зоран Бојковски, претседател на “Козјачија во срцето“. 

За граѓаните кои сакаат да го посетат Бајловце организиран превоз од пред “Жмара“ ќе има во 9 часот во недела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk