Ќе се оспособуваат за работа жените од малцинските групи

12.03.2013 09:04 | KumanovoNews

 Утре ќе се презентира проектот Работен клуб за невработени жени од етничките малцинства во Република Македонија “Обука, посредување и самовработување”, кој го реализира Центар за ромска заедница “ДРОМ.


Ќе се оспособуваат за работа жените од малцинските групи

Цел на проектот е да се стимулираат и охрабрат 300 жени од етничките малцинства во Македонија: Албанки, Ромки и Турчинки да влезат на пазарот на трудот преку : обука како да најдат работа, посредување при барање на работа, курсеви за професионално и стручно оспособувае и обука за самовработува. Проектот се реализира од Програма на Европска унија од  ИПА компонента IV: оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007 - 2013 година, подобрување на потенцијалите за вработување на жените од малцинските заедници на пазарот на трудот - вели Ахмет Јашаревски, локален менаџер и координатор на проектот.

Презентацијата ќе трае од 10 до 11.30 часот во зградата на Комитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk