Ќе се осветува црква во Брзак

20.05.2013 11:36 | KumanovoNews

 Црквата “Света Троица“ во село Брзак во недела ќе биде осветена од страна на владиката Јосиф, во присуство на пратеници и градоначалникот Зоран Дамјановски.

Ќе се осветува црква во Брзак

Во недела во 8 часот ќе се врши евангелисување или народски кажано осветување. Доаѓа владиката Јосиф заедно со уште седум или осум попови, свештени лица. Ова е единствена црква во селото, започната е да се гради во 1995 година со донации од селаните и од другите села. Успеавме да ја направиме со сите нишани за да на крај биде осветена - објаснува Моме Пешевски, иницијатор за изградба на црквата.

Селото се наоѓа на 15 км оддалеченост од Куманово и брои 115 жители.

На прославата по повод осветувањето се поканети жителите на сите околни села и воопшто сите христијански верници.

                                                        (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk