Ќе се осветува крст во Табановце

20.05.2015 10:41 | KumanovoNews

Во селото Табановце во петок во 10.30 часот, ќе започне церемонијата за осветување на крстот во близина на селската црква “Света Петка“.

Ќе се осветува крст во Табановце

На осветувањето на крстот се поканети претставници од српската, руската амбасада, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и многу други гости.

“Се работи за бетонски крст висок два метри. Одбравме баш на славата Свети Никола Летни да го осветиме крстот, бидејќи многу семејства тој ден слават. На настанот очекуваме да присуствуваат околу 250 гости, покрај месното население“ - кажа Драган Станковиќ, член на црковен одбор во Табановце.

Од црковниот одбор ги повикуваат верниците да дојдат на осветувањето на крстот во нивното село.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk