Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците побраа од градоначалникот и надлежните служби да одговорат кој го постави шанкот на Градскиот плоштад и која е неговата намена.
„На плоштадот има поставено времен објект во функција на кафиќ за кој слушнав дека работи одредена хуманитарна дејност, но по посетување на објектот утврдив дека станува збор за класичен бизнис, бидејќе се врши продажба на пијалоци. Ме интересира врз основа на кој акт е поставен временскиот објект“- праша Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово.
Градоначалникот Зоран Дамјановски се правдаше дека општината издала решение за 2 тезги од по 4 метри квадратни, со времетраење од 60 дена за хуманитарни цели. Откако било откриено дека закупецот не се придржувал до првобитната намена, инспекцијата издала решение за отстранување на шанкот.
„Беа инсталирани без наше знаење бифеа и шанкови, по наше сознание инспекциските служби реагираа веднаш, направија записник и издадоа решение за отстранување на тезгите. Нема никој право да поставува столови и маси на градскиот плоштад“,- изјави Дамјановски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk