Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 15 април, хаварисаните возила треба да се тргнат од јавно-прометните површини во градот.
Во спротивно тоа ќе сторат надлежните општински служби.
„Се известуваат сопствениците на хаварисани возила паркирани на јавно – прометни површини да ги отстранат во периодот од 01.04.2016 до 15.04.2016 година. Доколку во наведениот рок не биде исполнета обврската, возилата ќе бидат присилно отстранети, а штетата ќе биде на сметка на сопствениците“- повикуваат од општина Куманово.
Од Комуналната инспекција велат дека во централното градско подрачје има околу педесетина стари возила, плус оние зад Основниот суд Куманово.
Според планираното, сите возила кои ќе останат на улиците по предвидениот рок ќе бидат подигнати од пајак службата со асистенција на полицијата и комуналната инспекција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk