Ќе се отвори меѓуграничен центар за млади претприемачи

27.02.2017 16:06 | KumanovoNews

Mладите од североисточниот и ќустендилскиот регион ќе соработуваат и ќе ги зајакнат своите претприемачки вештини во меѓуграничен центар кој ќе се формира во Куманово и Ќустендил.

Ќе се отвори меѓуграничен центар за млади претприемачи

Проектот предвидува отварање на две канцеларии и обука на 40 лица, кои имаат идеја да започнат сопствен бизнис или да го надградат веќе постоечкиот.

 „Се надеваме дека овие обуки и меѓуграничниот центар за млади лица ќе биде од корист на бизнис заедницата, односно младите претпримачи од двата региона. Младите ќе имаат можност да присуствуваат на обуки, да се вмрежуваат и да креираат реални бизнис планови. Во рамките на проектот ќе биде креиран и веб- портал, изјави проект-менџерот и раководител на Центарот за развој на североисточниот регион, Младен Протиќ.

Проектот „Меѓуграничен центар за млади претприемачи“ ќе трае 15 месеци и е во вреднотст од 110.000 евра. Се реализира во партнерство на Центарот за развој на североисточниот плански регион од Куманово и Асоцијацијата-регионален центар за европски интеграции од Ќустендил, од ИПА 2 компонента од програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2014 -2020 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk