Ќе се постават катни гаражи зад хотел „Куманово“ и во „Серава“

18.03.2021 12:18 | KumanovoNews

Општина Куманово во годинешниот буџет има предвидено 18 милиони денари за поставување на две модуларни времени паркиралишта. Тие ќе бидат лоцирани доста фреквентни места во централното градско подрачје.

Ќе се постават катни гаражи зад хотел „Куманово“ и во „Серава“

„Согласно буџетот на Општина Куманово и програмите што се донесени од Советот, за оваа година има предвидено 18 милиони денари за две модуларни времени паркиралишта. Веќе се утвдени локациите. Едната се наоѓа позади поранешен хотел „Куманово“, на местото на посоечкиот паркинг и веќе е изработена проектната документација. Додека за другата локација позната како „Серава“, документацијата е нарачана и се собираат податоци за подземната и надземна инсталација“, кажа секретарот на Општината, Александар Гелевски, откако дел од советниците прашаа до каде е предизборното ветување на градоначалникот за изградба на 5 катни гаражи во неговиот мандат.

 Гелевски додаде дека веднаш по завршување на техничката документација ќе започне поставувањето на катните гаражи, бидејќи се обезбедени средства за таа намена.

Куманово има една монтажна катна гаража на паркингот кај Центарот за култура, но има голем проблем со паркинг просторот во централното градско подрачје, поради што граѓаните реагираат и бараат решение на проблемот.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk