Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На местото Даштев рид кај Градските гробишта промотивно ќе се засадуваат дрвца за Денот на дрвото, кој се очекува да се одржи кон крајот на ноември.
Од Шумско стопанство Куманово објаснуваат дека Даштев рид е со површина од 5 хектари, а вкупно ќе бидат пошумени околу 300 хектари во кумановско.
Таа локација е за промотивно засадување на дрвца, за граѓаните и учениците од школите кои сакаат да се вклучат доброволно. Ќе се засадуваат чемпреси и црн бор, садници од наше производство. Важно е да се напомене дека нашиот расадник за Денот на дрвото ќе снабди 10 општини со садници во Македонија - рече Весна Темелковска, шеф на расадник.
Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk