Ќе се пошумува Проевце и Липково

16.11.2012 10:44 | KumanovoNews

 Акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ ќе се оддржи на 21 месецов, а дрвца ќе бидат засадени на локациите Воени магацини во Проевце и Долна брана во Липково.

Ќе се пошумува Проевце и Липково

- Во акцијата ќе се вклучат средношколци и граѓани. На двете локации ќе бидат засадени по 40.000 садници, односно вкупно 80.000 садници, кои ќе ги обезбеди Шумско стопанство. Организираниот превоз ќе тргнува од пред сите средни училишта во градот, и плус на уште една локација ќе има автобус за заинтересираните граѓани - вели Цветанка Арсиќ, советник за заштита на животната средина и природата во Општина Куманово.

Акцијата ќе почне во 8.30 часот и ќе трае до 14.30 часот, а денот ќе биде неработен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk