Ќе се пошумува во Ваксинце и Макреш

01.12.2014 10:22 | KumanovoNews

Во среда во акцијата “Ден на дрвото“, ќе се пошумува во липковското село Ваксинце и во село Макреш во Старо Нагоричане.

Ќе се пошумува во Ваксинце и Макреш

Од “Шумско стопанство“ информираат дека вкупно 200 хектари на двете локации ќе бидат засадени со чемпрес, црн и бел бор.

„Ќе пошумуваат наши вработени и граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Тоа се места кои се оголени и каде навистина има потреба од пошумување. Ќе бидат засадени повеќе садници од лани, околу 800.000 за кумановски крај“ - кажа Ваит Саити, директор на “Шумско стопанство“.

Идејата за пошумена Македонија се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон,  Борис Трајанов,  поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk