Ќе се предвидува опасност од пожари

10.07.2013 12:34 | KumanovoNews

Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на податоците кои ги добива од Управата за хидрометеоролошки работи ќе ја предвидува опасноста од пожари.

Ќе се предвидува опасност од пожари

Според одредени параметри измерени во 14 часот во тековниот ден ќе се одредува опасноста за појава на пожар за наредниот ден.

Ризикот од пожари ќе се дефинира земајќи ги во обзир содржината на влага во сувиот вегетациски горлив материјал, измерена максимална температура на воздухот и засенетост на вегетациски горлив материјал.

Се определуваат три степени на опасност од пожар и тоа од трет степен, променлив ако определената веројатност за запалување на горливиот материјал е помеѓу 0 и 30 отсто. Вториот степен е зголемена опасност од 30 до 80 отсто и прв степен со многу голема веројатност од 80 до 100 отсто - пишува во соопштението од Дирекција за заштита и спасување.

Доколку постои висок ризик од појава на пожари ќе има 24 часовни дежурства, ќе се контролира движењето во шумите, а по потреба ќе бидат ангажирани јавните претпријатија, војската и полицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk