Ќе се продава имотот на некогашниот Tутунски комбинат

24.07.2019 08:58 | KumanovoNews

 Владата ќе продава имотот на Тутунскиот комбинат Куманово, по пат на електронско наддавање

Ќе се продава имотот на некогашниот Tутунски комбинат

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за објавата за продажба на недвижни ствари во Куманово, Ваксинце и Лојане, како и движни ствари машини, како имот што му припаѓал на Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски Папучар АД – Куманово“, по пат на електронско наддавање.

Огласот за продажба на имотот на некогашниот Tутунски комбинат од Куманово, доаѓа откако беше спроведена постапката за консолидирање на вкупниот имот на комбинатот кој беше во сопственост на различни правни субјекти со што се создадоа услови за реализација на одлуката на Владата на РСМ од 1 октомври 2018 Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски Папучар АД“ да биде понуден на продажба и да се рестартира неговата работа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk