Ќе се прошири листата на споменици на култура

06.03.2012 14:44 | KumanovoNews

 Куманово прави листа на објекти кои ќе бидат под заштита на Општината. За таа цел се изработува проект во кој ќе се најдат сите градби кои се значајни за историјата на градот.

Ќе се прошири листата на споменици на култура

Општината има интерес, но досега немала законско право, надлежност и финансиски сретства да се отпочне една таква работа. Затоа сега сакаме да започнеме процес на заштита, конзервација и реконструкција на објектите што се сочувани до овој момент, но и возобновување на оние што се уништени- вели архитектот Горан Митевски.    

Во прокетот ќе бидат опфатени најзачајните историски споменици како што се хотелот Куманово, Занаетчискиот дом, зградата на Општината, комплексот Стар Мерак, Соколана, старото градско јадро со индивидуални куќи и други објекти кои се градени на почетокот на минатиот век.

Веќе се работи на прокет со француски архитекти, а искуство за почеток ќе се пренесе на еден мал урбан дел од градот, а тоа е блокот помеѓу Општината Куманово, хотел  Куманово, комплексот Стар мерак и стамбени објекти на улицата Доне Божинов.

Под заштита на Националниот конзерваторски центар сега се само црквите „Свети Никола„ во Куманово, „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане, „Свети Ѓорѓи„ и „Света Петка„ во Младо Нагоричане, манастирите Карпино и Матејче, и Градската Џамија во Куманово.

Останатите се препуштени на забот на времето. Многу значајни култутно-историски градби ги снема под налетот на градежната експанзија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk