Ќе се прошири мостот на реката Којнарка

18.07.2016 08:29 | KumanovoNews

Ќе се реконструира и догради мостот на реката Којнарка во селото Долно Којнаре.

Ќе се прошири мостот на реката Којнарка

Поголем дел од сретствата се обезбедени од грант на Европската комисија во рамки на ИПА фондот за рурални инвестиции преку проект за подобрување на општинските услуги, а со помал процент ќе партиципира и општината Куманово.

„Проектот чини 98.000 евра, од кои 76.000 евра се грант, а 22.000 евра ќе обезбеди општината од сопствениот буџет. Проектот предвидува реконструкција и проширување на постоечкиот мост, кој претставува тесно грло за учениците во земјоделското училиште и посетителите на добиточниот пазар„,- изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

Од општината Куманово минатата недела објавија оглас за фирма изведувач на работите. Се очекува градежните работи да започнат на есен.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk