Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наскоро ќе започнат градежните работи за проширување царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, соопштуваат од Царинската управа на РМ.
Со надградба на граничниот премин Табановце, Република Македонија ќе добие уште еден современ премин, кој со новата инфраструктура ќе даде можности за забрзан и олеснет прекуграничен промет, согласно потребите на бизнис заедницата и на граѓаните. Реализацијата на овој проект истовремено значи и подобрување на условите за попријатен престој на граничниот премин на патниците и подобри услови за работа на царинските службеници.
Проектот за надградба на ГП Табановце е финансиран од програмата ИПА и национално кофинансирање. За реализација на проектот предвидени се средства во износ над 1,8 милион евра.
Заради непречено одвивање на работите, како и избегнување на подолги задржувања за влез и за излез од државата, на патниот граничен премин Табановце во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности за проширување на постојниот царински терминал, изградба на други објекти и дополнителни сообраќајни ленти за движење на товарниот сообраќај. За оваа цел со посебна сообраќајна сигнализација ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk