Ќе се проширува патарината Романовце

20.08.2013 09:29 | KumanovoNews

 Патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, ќе се проширува со нови кабини на нова локација, откако се покажа дека неможе да одговори на потребите во летниот период.

Ќе се проширува патарината Романовце

Новата патарина ќе биде наменета за возила кои се движат по автопатот кон Скопје, а старата ќе биде за оние кои сообраќаат кон граничниот премин Табановце.

За изгледот на патарината и за избор на фирма која ќе го даде проектното решение ЈП за државни патишта ќе распише тендер есенва. Изведувачот ќе биде познат до крајот на годинава. Новата патарина ќе го растерети сообраќајниот метеж. Летово имаше голем застој на возила на патарината поради големиот број српски државјани кои транзитираат по Коридор 10.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk