Ќе се регулира речното корито на Липковка

12.02.2017 10:07 | KumanovoNews

Со проект на УНДП, општина Куманово и Министерството за животна средина ќе се регулира речното корито на Липковка, кое поминува низ Куманово.

Ќе се регулира речното корито на Липковка

Проектот чини над 700.000 долари, а предвидува продлабочување и проширување на речното корито, бетонскa подлога и делумно поплочување со камен, се во должина од 1.8 километри. Изградбата треба да започнае кон крајот на март а да заврши за 6 месеци.

„Проектот опфаќа регулација на речното корито на реката Липковка од автопатот до вливот во реката Кумановка. Овој проект е многу значаен за Куманово, бидејќи е направена анализа на поплавите и ќе има капацитет да ја прифати најголемата количина на вода за последните 100 години, а ќе се заштити и животната средина“, - изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

За реализација на проектот Општината Куманово ќе обезбеди 200.000 евра, Министерството за животна средина 140.000 евра, а останатото околу 300.000 долари Министерството за евроинтеграции преку УНДП.

„ Еден од приоритетите на УНДП во оваа држава е да се намали ризикот од поплавите, бидејќи гледаме дека поплавите се случуваат се почесто имајќи ги предвид климатските промени, ситуацијата се очекува дополнително да се влоши и оттаму овој проект се појавува на листата на наши приоритети. Благодарение на соработката со вицепремиерот, со министерот за животна средина, со градоначалникот бевме во можност брзо да отпочнеме со проектни активности за исполнување на овие цели“, - изјави амбасадорката на УНДП Лујза Винтон.

Градоначалникот објасни дека реката поминува на државно земјиште па нема да иам одолговлекување на работата поради експропријација на земјиштето или узурпација на речното корито.

 Со регулација на речното корито ќе се реши деценискиот проблем со излевање на реката Липковка на потегот од стадионот Башкими, кај Стариот градски парк , на булеварот Октомвриска револуција и населбата Средорек. Новоизградениот дел ќе се спои со Кејот на реката Кумановка и со тоа градот ќе се заштити од надојдените води и буици при обилните врнежи од дожд.

 Останува нерегулирано коритото на реката Којнарка.

Вчера, градоначалникот Зоран Дамјановски, вицепремиерот Арбр Адеми, министерот за заштита на животна средина Башким Амети и амбасадорот на УНДП Лујза Винтон, го презентираа проектот пред жителите во близина на стадионот Башкими во Куманово, кои беа зафатени од последните поплави.                      

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk