Ќе се реконструира канализациската мрежа во општината

28.07.2015 15:51 | KumanovoNews

Над 50 градски и приградски улици ќе добијат нова канализациона мрежа, како и реконструкција на патната инфраструкта, преку проект на ИПАРД програмата.

Ќе се реконструира канализациската мрежа во општината

Проектот чини шест милиони евра, а со него ќе бидат санирани околу 25 километри канализациска мрежа.

Реконструкцијата ќе започне во ноември годинава. Со проектот ќе бидат опфатени и Режановце, Речица и Тромеѓа. Сите места кои имаат оштетување или се дивоградба и нема стандарди за новата каназалиција, ќе бидат вколопени во интегралниот систем на собирање на отпадни води, најави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Со поддршка на ЕБРД и Светската банка од околу 3 ипол милиони евра, ЈП Водовод ќе набави 10.000 далечински мерни инструменти, протокомери во главните цевководи, и дефектомери за детекција на дефектите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk