Ќе се реконструира Железничката станица во Куманово

28.06.2021 06:48 | KumanovoNews

 Јавното претпријатие за железничка инфраструктура со поддршка на Општина Куманово ќе ја реконструира Железничката станица во Куманово. Во развојната програма на локалната самоуправа за оваа година предвидени се средства за таа намена.

Ќе се реконструира Железничката станица во Куманово

„Работиме на заеднички прокт со Македонски железници, договорот е ние да изработиме градежен проект, а јавното претпријатие да инвестира. Железничка станица е навистина импозантен објект и веруваме дека тоа ќе се заврши како што е ветено. Се работи за еден од најстарите објекти во градот, кој во моментот се наоѓа во многу лоша состојба“, кажа градоначалникот Максим Димитриевски.

Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железницa Хари Локвенец, при неодамнешната посета на Куманово. Тогаш тој најави дека реконструкцијата ќе започне до крајот на летото, а проектот за реконструкција на објектот е вметнат во последните измени на планот за изработка на првата и втората фаза од Коридорот 8, пругата од Куманово - Бељаковце - Крива Паланка.

Железници -Транспорт, пак, покрена иницијатива за воведување на патнички возови на релациите Скопје-Куманово, на секои два часа во текот на денот. Ваквата иницијатива е доставена до Владата на почетокот на годинава, а предлогот на раководството на Железници е да се набават минимум 10 нови возови, и тоа 6 дизел моторни гарнитури и 4 електро моторни гарнитури за поврзување на Скопје со околните градови.

Притоа, за Куманово се предвидува возовите да сообраќаат до стојалиштето „Перо Чичо“ на идната пруга Куманово-Крива Паланка, со што ќе им се овозможи железнички превоз на граѓаните од центарот на Куманово до скопското централно подрачје.

Оваа информација наиде на одбрување, но и неверување од граѓаните, бидејќи пругата кон Бељаковце се гради 20 години, а уште е на почеток и нема изгледи дека брзо ќе заврши.

С.Н.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk