Ќе се реновира дел од општинската зграда во Липково

27.02.2015 09:46 | KumanovoNews

За два месеци ќе почне реновирањето на општинската зграда во Липково, со што две простории ќе бидат адаптирани за канцеларии.

Ќе се реновира дел од општинската зграда во Липково

Просториите во задниот дел на објектот ќе бидат малтерисани, варосани, ќе бидат ставени прозорци, врати и мебел внатре.

Реновирањето ќе се реализира со пари од општинскиот буџет. Сега во една канцеларија седат по тројца или четворица вработени, а со реновирањето ќе добиеме плус две канцеларии каде ќе се преместат неколку вработени“ - вели Башким Адеми, раководител на сектор за управување со човечки ресурси во општина Липково.

Последен пат реновирања во општинската зграда имало пред повеќе од три години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk