Ќе се реновира театарот и Центарот за култура

12.01.2015 14:31 | KumanovoNews

Ќе се реновираат санитарните јазли во Кумановскиот театар и покривот на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, со средства обезбедени од Министерството за култура.

Ќе се реновира театарот и Центарот за култура

Градежните активности се очекува да почнат кон крајот на јануари.

“Покрај ова, предвидени се реновирања и интервенции во внатрешноста на двата објекти. Се надеваме дека со годинешнава богата програмска понуда и со претстојните технички подобрувања, ќе направиме нов исчекор во збогатување на културниот живот во нашиот град“ - вели Роберт Павлевски, директор на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Инвестициите во двата објекта се вметнати во програмата на Министерството за култура за 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk