Ќе се реновира Железничка станица Табановце

05.03.2015 09:19 | KumanovoNews

Во април ќе започне реновирањето на Железничката станица Табановце, потврдуваат од Министерството за транспорт и врски.

Ќе се реновира Железничка станица Табановце

Ќе се реконструира покривот, подот, тоалетите, фасадите и друго.

„Проектот опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на Железничката станица, како што се водоводната и електричната инсталација,  вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како иподобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапности поврзување со патниот транспорт, јавен и индивидуален“ - велат за Кумановоњус од Министерството за транспорт и врски.

Железнички станици во истиот период ќе се реновираат во повеќе градови низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk