Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ќе се реновираат објектите во кои се сместени канцелариите за водење на матична евиденција во кумановските села.
Како што соопштуваат од Управата за водење на матичните книги, прво ќе се направи проценка во каква состојба се наоѓаат десетте канцеларии, по што ќе се утврдат приорети за реновирање. Градежните работи ќе се одвиваат во почетокот на 2015 година.
“Некои од објектите прокиснуваат, други се дотрајани бидејќи со години не се поправани. Ќе направиме проценка и онаму каде има потреба од реновирање, матичарот ќе биде преместен во најблиската соседна месна канцеларија, а граѓаните ќе бидат известени каде ќе можат да ги добиваат услугите. По реновирањето службите ќе продолжат со работа“ - вели Катерина Битровска, портпарол на Управата за водење на матични книги.
Со проектот ќе бидат опфатени сите стари матични канцеларии низ Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk