Ќе се реновираат основни училишта во општина Липково

29.01.2016 10:19 | KumanovoNews

Во општината Липково ќе се реновираат пет централни основни училишта со  кредит добиен од Светска банка во вредност од 400.000 евра.

Ќе се реновираат основни училишта во општина Липково

Опфатени ќе бидат основните училишта во селата Матејче, Отља, Опае, Слупчане и Лојане.

„Некаде ќе се работи на централно греење, некаде ќе се поправи покривот, зависно од тоа каде за што има потреба. Проектите се готови, ќе треба да се распише тендер и да почне реновирањето преку лето. Ќе се работи за време на летниот распуст додека учениците не одат на училиште“- вели Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.

Ќе се реновираат училиштата во овие пет села каде има и поголем број на ученици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk