Ќе се реши ли статусот на вработените во “Жито-мел“?

10.02.2015 10:28 | KumanovoNews

Четириесетина поранешни вработени од „Жито мел“ побарале помош во синдикатот, за што поскоро да се реши нивниот статус.

Ќе се реши ли статусот на вработените во “Жито-мел“?

Тие со години седат дома, се водат како вработени, а не добиваат плата, ниту им се платени придонесите.

“Ние сме во преговори со стечајниот управник Димитар Аџиев и Агенцијата за вработување, бидејќи тие треба да решат каков статус ќе имаат вработените, дали и на кој начин треба да добијат отказни решенија. Потоа според закон на дел од нив им следува технолошки вишок. Со судска пресуда се укинува „Жито мел“ ДООЕЛ и се враќа постапката на “Жито мел“А.Д. Претходно “Жито мел“ А.Д. бил во стечај и тука ќе биде комплицирано, но треба да се изнајде решение за да вработените остварат право на технолошки вишок“ - вели Миле Спасовски, секретар во Регионален синдикат.

За решавање на овој проблем поранешните вработени од “Жито мел“, во четврток ќе одржат состанок во Центарот за вработување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk