Ќе се реши статусот на вработените во Житомел

11.09.2015 14:00 | KumanovoNews

По долги години ќе се реши статусот на 35 вработени во Житомел.

Ќе се реши статусот на вработените во Житомел

Во тек е постапката за давање на отказни решенија,  по што ќе можат да се пријават во Агенцијата за вработување и да земаат надомест за технолошки вишок, потврдуваат од регионален синдикат.

Ние како ССМ односно регионална канцеларија Куманово, бидејќи овие вработени беа наши членови уште од почеток им помагавме околу изготвување на пријави за побарувања, кои беа утврдени и признаени од стечајниот управник. Стечајниот управник  беше конструктивен им излезе во пресрет на вработените и тие за разлика од други фирми, добија нешто од побарувањата кои ги имаа поднесено - изјави Миле Спасовски, секретар на регионален синдикат.

Спасовски објаснува дека поради нерешениот статус овие луѓе неколку години беа без работа, без плата и придонеси. Додава дека во Житомел сè е уништено,  а објектот беше опожарен неколку пати.

Поранешните вработени во Житомел  кои имаат стаж од 25 години ќе земаат технолошки вишок 12 месеци, а сумата ќе се утврди зависно од примањата кои ги добивале.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk