Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За помалку од една година ќе се реши стечајната постапка на Кожарски комбинат Куманово.
Ова го најави премиерот Никола Груевски, ветувајќи разрешница на 300 стечајни постапки кои траат со години. На седница Владата усвоила специјален закон со цел да бидат решени стечајните постапки опфатени со законите од 1989 до 2011 година.
Сега правиме еднократен закон којшто ги опфаќа само овие стечаи кои ќе ги реши за помалку од една година и ќе ставиме крај на тоа минато, затоа што сега имаме еден од најсовремените закони и во иднина оние фирми кои ќе одат во стечај, ќе го прават тоа по многу современ закон којшто е правен по пример на данскиот - изјави премиерот.
На завчерашната седница е усвоен и закон за вонсудско спогодување кој треба да биде втора шанса пред одење во стечај, односно да им се даде шанса на фирмите за реорганизација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk